ХЕРА: СДСМ, ГРОМ и ПЕП 21 со заложба и поддршка за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и родовата еднаквост

Од:

„Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – Х.Е.Р.А. сака да ја извести јавноста дека во текот на кампањата за предвремените парламентарни избори побара од сите 14 политички партии и коалиции, подносители во листите на изборните единици, да одговорат на кои од следниве прашања од интерес за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје и родовата еднаквост би дале поддршка преку преземање конкретни заложби и интервенции:

  1. Воведување на модерна контрацепција на позитивната листа на лекови и бесплатна контрацепција за младите и лицата кои се социјално исклучени.
  2. Гаранција дека индивидуалното право на жената слободно да одлучува за абортус нема да претрпи понатамошни  ограничувања во законот за прекинување на бременоста
  3. Обезбедување на информации за заштита на сексуалното и репродуктивното здравје во наставата на основните и средните училишта
  4. Финансирање на невладините организации од државниот буџет за активности за превенција од ХИВ меѓу маргинализирани групи по завршување на проектот на Глобалниот Фонд за ХИВ/СИДА во 2016 година

Писмени одговори беа доставени од 3 политички партии, СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија, ГРОМ – Граѓанска опција за Македонија и ПЕП 21 – Партија за економски промени кои изразија заложба и поддршка за овие иницијативи истовремено потенцирајќи дека тие се во согласност со нивните политички ставови и програмски цели.

Х.Е.Р.А се заблагодарува на поддршката на 3-те политички партии, но и за уверувањето дека ќе се заложат за спроведување на овие интервенции – клучни за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје и родовата еднаквост преку нивното политичко дејствување како потенцијални членови на Собранието или доколку ја формираат идната Влада на Република Македонија.

За информација,во 2011 година Владата на Македонија ја усвои првата Национална стратегија за сексуално и репродуктивно здравје за период од 2010 – 2020 во која се афирмираат наведените 4 интервенции како дел од државните активности за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје. Дополнително, Република Македонија е и потписник на Резолуцијата на Обединетите Нации за Милениумските Развојни Цели кои посебно го истакнуваат репродуктивното и сексуалното здравје и положбата и здравјето на жените и девојките како посебни области на глобалното делување“, зе вели во соопштението на ХЕРА.

 

Би можело да ве интересира

„Хера“: За Ромките во државава се уште има предрасуди, отколку работните места

Ана Ололовска

Поддршка од 93 граѓански организации за приоретизирање на родовата рамноправност во основно образование

Ана Ололовска

Кампања за лицата со интелектуална попреченост на Специјалната олимпијада Македонија и ХЕРА

Ана Ололовска

ХЕРА: Владата да ги гарантира здравствените услуги на бремените жени

Ана Ололовска

ВИДЕО: Родителите се согласуваат во училиштата да се предава сеопфатно сексуално образование

Ана Василевска

ХЕРА: Сексуалното образование да се изучува како изборен предмет во основните училишта

Ана Ололовска