„Хера“ организираше петиција во Куманово

Од:

По повод кампа

њата „За последен прв септември без сеопфатно сексуално образование“, невладината организација „Хера“ денес во Куманово организираше петиција. Имено организација смета дека е неопходно воведување на вакво образование, бидејќи според нивните информации младите немаат место каде да ги адресираат своите прашања во однос на сексуалноста, сексуалното и репродуктивното здравје и човековите права.

-Нашето истражување кое што се викаше „Љубов после часови“ покажа дека професорите, наставниците, родителите и децата го дадоа својот глас за воведување вакво образование. Проблем е во тоа што младите имаат многу погрешни, непроверени информации, затоа што има интернет портали кои што пласираат неточни информации-изјави волонтерот и член на Управниот одбор на „Хера“, Велимир Савески.

Тој додаде дека преку воведување на сеопфатно сексуално образование младите ќе дознаат информации кои што се научно потвредени, базирани на најновите докази на медицината.

-Најголем дел од времето го поминуваат во училиштето, така што навистина сметаме дека истото е најдобро место за да ги дознаат сите информации. Поддршка треба да добиеме уште од Струмица, Тетово и Скопје-наведе Савески.

Организаторите истакнаа дека се задоволни од постигнатото, затоа што се уште постојат граѓани кои без разлика на нивната возраст, пол или националност им даваат поддршка. Тие додадоа дека откако ќе заврши кампањата, петицијата ќе ја испратат во Министерството за образование.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он