Хелсиншки: Загрозено е избирачкото право на граѓаните

Од:

Хелсиншкиот комитет излезе со вонреден извештај за текот на првиот круг на претседателските избори и за поплаките на граѓаните што стигнале до оваа организација.

Најголем број на поплаки како до Хелсиншкиот комитет, така и до други организации и институции се однесуваа на лесното отстранување на мастилото како средство за обележување и проверка на гласачите. Употребата на мастилото се предвиде во најновите измени на Изборниот законик од јануари 2014 година, усвоени од Собранието во скратена постапка. Овој метод во последните 10 години е користен за време на избори во Авганистан (2004), Казахстан (2011) и Малезија (2013). Во сите овие држави се појавил проблемот кој беше забележан за време на денот на гласањето во Македонија, односно мастилото можело да се отстрани многу бргу по нанесувањето како што беше случај со дел од избирачите. Усвојувањето на измените на Изборниот законик за кој е неопходно двотретинско мнозинство во никој случај не смееше да се одвива во скратена постапка и без вклучување на стручната и научна јавност. Последиците од ваквото постапување на Собранието се очигледни уште по првиот круг на Претседателските избори.

Претставници на Државната изборна комисија (ДИК), во чија надлежност беше набавката и нанесувањето на мастилото, за употребата на овој метод во февруари 2014 година учествуваа на консултативна средба во Албанија каде успешно беа организирани парламентарите избори во 2013 година. Според извештаите за овие избори, мастилото користено во Албанија не можело да се отстрани и по изминување на неколку денови од гласањето. Оттука ДИК треба да одговори на неколку прашања: Дали мастилото користено за време на Претседателските избори е истото како она користено во Албанија? Која е земјата на потекло, производителот и снабдувачот на мастилото користено во Македонија? Кои се техничките спецификации на мастилото користено за време на изборите? Одговорите на овие прашања се неопходни поради тоа што самата ДИК на една од седниците одржани во февруари 2014 година заклучила дека „постапката за набавка на маркерите ќе биде квалитетна и во согласност со законот и ДИК ќе ја спроведе без никаков проблем“ и дека „ДИК ги усвои карактеристиките на мастилото од техничка гледна точка“.

Според ДИК, за Претседателските и за Предвремените парламентарни избори неопходни биле 8 милиони евра, но од предвидените буџетски средства како и од дополнително одобрените средства од Министерството за финансии доделени биле околу 7 милиони евра. Поради оваа причина, Министерството за финансии треба да одговори на прашањето како планира ДИК да ги организира изборите со недостаток на околу 1 милион евра и зошто не биле одобрени онолку средства колку што биле неопходни за успешно спроведување на изборите?

До Хелсиншкиот комитет пристигнаа пријави и за јавувања од Контакт центарот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ 4 часа по почетокот на гласањето, со цел да се добијат информации дали граѓаните го искористиле своето избирачко право, гласно читање на името и презимето од личната карта во изборното место број 0669 во Општина Кавадарци, стоење на полициски службеници покрај избирачките кутии на избирачко место во Општина Центар, без да биде нарушен редот и мирот во избирачкото место, закани по живот во Општина Штип, од страна на еден од кандидатите за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во изборното место број 2250, по објавување на видео како се вади маркерот од прст, пријава до Претседателот на избирачката комисија и по давање на изјава во медиуми. Според граѓанинот поради оваа пријава истиот станал мета на подбив и омаловажување на локалните медиуми и негативната кампања против него ја води токму лицето кое му упатило закани по животот на денот на гласање.

За Општина Струга е пријавено дека на избирачкото место број 1847 нема присуство на полициски службеници, а во просториите за гласање никој од присутните не води евиденција за гласачките ливчиња. Покрај тоа, во пријавата беше наведено дека има сознанија за граѓани кои имаат повеќе лични карти и кои можат повеќепати да гласаат. Во Општина Аеродром во близина на избирачкото место во ОУ „Блаже Конески“ има штаб на ВМРО-ДПМНЕ кој е отворен во текот на целиот ден и дел од гласачите по гласањето одат за да се потпишат во штабот.

Говорот на омраза е застапен во најголем дел кај големите политички партии

Согласно доставените пријави говорот на омраза преминува и во дела сторени од омраза. Најзастапен основ кај говорот на омраза и кривичните дела сторени од омраза е етничката припадност, но не изостануваат и оние по основ на сексуална ориентација. Констатирани се повеќе инциденти сторени поради политичка припадност или политичко уверување кои покрај тоа што содржат елементи на омраза резултираа со сериозни кривични дела сторени од омраза кон носители на јавни функции, кандидати за Претседател, партиски штабови, но и физички пресметки помеѓу граѓани.*

Како резултат на зголемениот говор на омраза се јавуваат и инциденти сторени од омраза кои не се процесуираат од страна на надлежните институции како кривични дела сторени од омраза. Овие инциденти започнаа уште во месец јануари со демолирање на возило на Либерално-демократската партија и продолжија со каменување на штаб на политичката партија ГРОМ во две населби, бомба подметната во близина на штаб на СДСМ, каменување на возила на учесници на митинг на ДУИ, оштетување на билборди, судир на активисти на ВМРО-ДПМНЕ со граѓани во населбите Чаир и Радишани.**

Говорот на омраза не изостанува и од социјалните мрежи и медиуми. Впрочем истиот е најзастапен на социјалната мрежа „Фејсбук“. Во извештаите на правно-политичкиот тим кој го следи говорот на омраза кај политичките партии и кандидати за Претседател, се констатира дека во официјалните програми и страници на социјалните мрежи не е забележан директен говор на омраза. Сепак, изобилуваат коментари од страна на поддржувачите на партиите кои во голем дел содржат говор на омраза. Исто така согласно извештаите на тимот, говорот на омраза е позастапен на неофицијалните страници на партиите зад кои стои анонимен сторител

Хелсиншкиот комитет заклучува дека избирачкото право на граѓаните и понатаму се загрозува од страна на директни учесници во изборниот процес односно политичките партии и активисти.

Целиот извештај на Хелсиншки може да се прочита ТУКА

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар