Хелсиншки комитет ќе дежура в недела

Од:

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија в недела ќе ја отвори канцеларијата на Kомитетот во текот на целиот ден со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право на изборите.

Хелсиншкиот комитет ќе ги проследи локалните избори преку отворената канцеларија за пријавување на повреда на избирачкото право, додека набљудувањето на изборите на терен ќе го оствари преку соработка со невладината организација „Цивил“ која е овластена да врши мониторинг на претстојните избори.

Доколку некој не е во состојба да дојде во канцеларијата на Хелсиншки, повреда на избирачко право може да се пријави кај означените набљудувачи на невладината организација „Цивил“ или пак на телефонскиот број: 02 3119 073 или преку електронска пошта на следниве адреси [email protected] или [email protected].

Хелсиншкиот комитет и невладината организација „Цивил“ упатуваат апел локалните избори да поминат во фер и демократска атмосфера со особено внимание на неповредливоста и тајноста на избирачкото право на сите граѓани.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он