Хелсиншки комитет: Бараме одговорност за крајната небрежност на институциите во кратовскиот случај

Од:

По објавеното сведоштво за непостапување на институциите при спасување човечки живот на непристапен терен, Хелсиншкиот комитет за човекови права се обратил до општината Кратово и до Дирекцијата за спасување и заштита, со барање за информации за тоа кои дејствија ги презеле откако биле известени за несреќниот настан информираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Комитетот испратил и барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за локална самоуправа, поради тоа што како што велат општината не ги преземала сите дејствија за кои е надлежна согласно Законот за заштита и спасување.

Од комитетот потсетуваат и дека доколку контактираните институции навистина немале можност сами да спроведат акција за спасување на лицето, градоначалникот имал обврска да побара ангажирање на републичките сили за заштита и спасување, како што одредува членот 35 од овој закон.

„Хелсиншкиот комитет инсистира на брзо расчистување на овој случај и бара одговорност од сите надлежни поединци и институции, кои не реагирале во една ваква животозагрозувачка ситуација. Ваквиот неетички и противзаконски однос, манифестира екстремна небрежност и кон лицето во тешка здравствена состојба, но и кон здравствените работници и другите лица кои учествувале во неговото спасување“ – се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Одложено судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Жена од Скопје со „спарк“ излетала од пат во Кратово, со тешки повреди завршила во болница

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Кратово

ОЈО: Маж од Кратово ја тепал и ја давел сопругата, таа се ослободила и со нож го убила него и неговиот татко

Горан Наумовски

МВР со детали за жената која ги избоде мажот и свекорот во Кратово

Двојно убиство во Кратово, 36-годишна жена со нож ги усмртила сопругот и свекорот