Хеликоптери на Армијата го гасат пожарот над Пасјак

Од:

Со хеликоптери од АРМ од утрово се гаси пожарот на најкритичната точка над Пасјак во село Нов Истевник. Воздушната поддршка во гаснењето на големиот пожар, кој е активен 48 часа на планината Средна, беше неопходна поради интензивирањето на пожарот и неможноста да се локализира и да се стави под контрола поради непристапниот терен, сувата трева и ветерот.

-Активно во гаснењето на пожарот се вклучени 90 припадници на АРМ, припадници на Граничната полиција, просторните сили на Општина Делчево заедно со екипи на ЈКП „Брегалница“ ЈП Национални шуми, екипи на ТППЕ од Делчево и регионот, информираа од Општината.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски изрази благодарност до сите поединци, институции и фирми кои се максимално ангажирани во борбата со огнената стихија.

-Големиот пожар кој сè уште пустоши над делчевското село Нов Истевник ја става на тест и општествената одговорност и хуманоста на поединци, институции, фирми. Изразувам благодарност за несебичноста и одговорноста на голем број делчевци кои се вклучија директно во борбата со огнената стихија, но и за несебичната поддршка во материјали и средства. Хуманоста и општествената одговорност се одлика на одговорни и големи луѓе кои знаат дека и со мал придонес може да направат големи промени, порача Трајковски.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски