Хејг очекува Македонија и Србија да добијат датум за преговори со ЕУ

Од:

Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг синоќа во Загреб изјави дека се надева оти Европскиот совет на состанокот овој месец ќе им одреди на Србија и на Македонија датум за почеток на пристапните преговори.

– Одредувањето датум зависи од нивниот прогрес во исполнувањето на критериумите на ЕУ за членство. Се надевам дека Советот ќе се заложи за натамошно проширување, но тоа е одлука што мора да биде донесена едногласно, рече Хејг по средбата со хрватската министерка за надворешни работи и европски прашања Весна Пусиќ.

Велика Британија, како што нагласи Хејг, се залага за натамошно проширување на ЕУ со сите земји од Западен Балкан, но прогресот на секоја од нив ќе зависи од постигнувањата што ги имаат на тој пат.

Весна Пусиќ истакна дека Хрватска го дели ставот на Лондон дека Југоисточна Европа треба да стане дел од ЕУ.

Би можело да ве интересира

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он