ХЕЦ „Света Петка“ од утре во функција

Од:

АД „Електрани на Македонија“ утре ќе ја пушти во употреба новата хидроелектрана „Св. Петка“, лоцирана меѓу ХЕЦ Козјак и ХЕЦ Матка, со што оптимално се искористува хидропотенцијалот на реката Треска.

Хидроелектраната, чија изградба чини околу 70 милиони евра, ќе биде со инсталирана моќност од 36,4 мегавати и годишно производство од 66 гигават часови електрична енергија.

Браната на новата хидроелектрана е лачна, со двојна закривеност и изработена без арматура со посебен бетон кој не создава пукнатини и е отпорен на мрзнење. Нејзината висина изнесува 69 метри со должина на круната од 118 метри, а нивото на круната е на 364 метри надморска височина. Направена е од бетонски блокови од кои подложните се со ширина од 10 метри, а завршните се широки два метра. Во неа се вградени 29.000 метри кубни бетон.

Со корисниот простор на акумулацијата долга 11 километри, ХЕЦ„ Св. Петка“ заедно со расположливиот корисен акумулациски простор од постојната акумулација Матка, треба да овозможи постојано пререгулирање на дневните истечни води од ХЕЦ „Козјак“, во согласност со потребите на останатите водокорисници низводно од ХЕЦ Матка (водоснабдувањето, наводнувањето, биолошкиот минимум и други потреби).

Како енергетски објект ХЕЦ „Св. Петка“ ќе работи како проточна хидроелектрана со истечните води на ХЕЦ „Козјак“ во тек на денот, пререгулирани и максимално усогласени според барањата на останатите водокорисници низводно од ХЕЦ „Матка“. Со паралелна работа на ХЕЦ „Козјак“ и ХЕЦ „Св. Петка“, ќе се добие дополнителна расположива моќност од 116,4 мегавати во електроенергетскиот систем на Република Македонија.

Главен изведувач на хидроелектраната „Св. Петка“ беше словенечки Рико, проектант Енергопроект од Белград, подизведувач на браната Гранит, а на машинската зграда Бетон.

Во хидроелелтраната се вградени турбини на Литострој од Љубљана, генератори на австриски Ватек, опрема за управување Сименс, заштита АББ и трансформатори Енгра Љубљана.

Би можело да ве интересира

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

Орце Костов

Граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја: Конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач би им донела пониски сметки

А1он

Николовски: За 45% поголемо производство на струја, имаме најдобри резултати во енергетиката

РЕС одбележува една гостина постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во енергетската криза

(ВИДЕО) Андонов: Електро-енергетскиот систем е стабилен

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за нивниот предлог Закон за енергетика