Хависто: Посакуваме Северна Македонја и Албанија во октомври да почнат преговори со ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хависто, од Тирана порача дека неговата земја како актуелен претседавач со ЕУ посакува Албанија и Северна Македонија во октомври да ги започнат преговори за членство во Унијата.

По средбата со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, Хависто на заедничката прес-конференцоја рече дека Западен Балкан е регион во центарот на Европа и оти Хелсинки сака Албанија и Северна Македонија да ги отворат пристапните преговори.

-Западен Балкан не е некое далечно ќоше, туку е во центарот на Европа. Ние ги поддржуваме тековните разговори со Црна Гора и Србија, и сега сакаме Албанија и Северна Македонија да започнат разговори. Ние не сме сами во донесување на одлука, таа мора да се донесе едногласно од сите земји. Во разговори сме со сите земји за постигнатиот напредок. Земјите не ги прават овие измени заради ЕУ, туку заради нивниот сопствен развој. Сите овие чекори се дел од демократијата и демократската транспарентност, рече шефот на финската дипломатија.

Тој, како што пренесува тиранската телевизија Топ чанел, ги критикуваше и државите на Европската унија кои бараат да се фокусираат на внатрешната реформа на Унијата, засенувајќи го процесот на проширување со балканските земји.

– Нивните внатрешни проблеми нема зошто да го попречуваат процесот на проширување, рече Хависто.

Албанскот министер Цакај, пак, на прашањето за можноста за раздвојување на Северна Македонија од Албанија во преговарачкиот процес, истакна дека „таков процес не е во агендата“.

Би можело да ве интересира

По Орбан остана Фицо: Словачка најави блокада на санкциите против Русија додека не се поправи Дружба

Предупредување од ЕУ: Можен е недостиг на гориво

„Волстрит џурнал“: Европа подготвува „европско НАТО“ во случај САД да си замине

Дмитриев: Европејците ќе ги паметат одлуките на русофобичните Урсула и Каја

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина