Хаос во учебникарство

Од:

Хаосот во учебникарството никако да сопре. Негативните примери кои минатите години се провлекуваа по учебниците и беа под остра критика на научната јавност не останаа во минатото. Во учебниците постојано се редат грешки. Елка Даскалова која повеќе од 20 години е во образованието како наставик и директор, го посочува последниот пример, каде во учебникот по македонски јазик за четврто одделение се препорачува за темата Илинденско востание повеќе да се побара по предметот општество иако во истиот за четврто одделение нема ниту збор на оваа тема.

Елка Даскалова вели „Имаме текст по македонски јазик „На мечкин камен“, и во него вели од вашите знаења по општество за Илинденското востание, а воопшто во 4-то одделение не се учи за Илиндеснко востание во учебникот по општество. Тој што го изготвувал учебникот по македонски јазик воопшто не ја видел програмата по општество. На таа возраст учениците што работат, па да ги интегрираат содржините од општество и македонски јазик.

Даскалова разочарано раскажува дека Македонија е без стратегија во учебникарството. Сите учебници се набрзина срочени и тоа постојано раѓа проблеми. Во учебниците не се внимава на интерпукциските знаци, постојано се прават пропусти при печатење па децата добиваат искривена слика за македонскиот правопис и јазик.

„Во читанката по македонски јазик вели МРЗЛИВ поштар. Треба да им објаснувам дека е МРЗЕЛИВ но кој ќе им го казже тоа кога самостојно ќе читаат дома“, вели Даскалова во изјава за А1.

И проблемите на завршуваат само во делот на учебниците. Долги години вели Даскалова се апелира до Минситерството за образование, Бирото за развој, Синдикатот, дека одделенијата се пренатрупани со ученици, но проблемот никако да се реши. Законот предвидува во едно одделение да има од 24 до 35 деца, но во Македонија секогаш се зема горната граница. Па така залудни се обуките на наставниците за нови начини на предавање на знаење, кога истите се наменети за класови со 16 дечиња. Во македонсите училишта, одделенијата се со двојно повеќе ученици.

Даскалова вели дека наместо да се носат закони кои ќе може да ги применуваме, надлежните само ги препиишуваат од земји каде условите се неспоредливи со македонските. На образовните програми работат луѓе, кои неретко се без ден практично искуство.

Во ваква ситуација на спона меѓу условите во училиштата и наредбите на институциите, меѓу донесените закаоните и ралната ситуација, она што е најалармантно е што децата нашата иднина се колатерална штета – заклучува Даскалова.

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Учебникот по Историја ќе доцни оти нема кој да го рецензира, а дури вчера заврши доставата на другите учебници за оваа година

Орце Костов

МОН: Учебници за шесто одделение ќе се испорачуваат и викендов

Орце Костов

Шаќири: Учебниците за шесто ќе се достават од петок, но ако има потреба ќе се работи и викендов

Орце Костов

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто