Хан: Владата и опозицијата да се фокусираат на спроведување на итните реформски приоритети

Од:

Новата Влада заедно со опозицијата мора да се фокусира на имплементација на итните реформски приоритети и на Договорот од Пржино, за да ја вратат земјата назад на нејзиниот евроатлантски пат, вели еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за European Western Balkans.

Хан притоа посочува дека во однос на реформите во делот на владеење на правото го испраќа Рајнхард Прибе со неговиот тим да и помага на земјата.

– Како што и најавив, испраќам експерти за владеење на правото назад во Скопје за да го следат развојот на настаните во врска со препораките од 2015 година и да ја советуваат новата Влада за системски прашање од владеење на правото. Првото заминување на мисијата веќе се случи на 27 јуни, кога водачот на тимот Рајнхард Прибе го посети Скопје. По неговата посета целиот тим ќе го посети Скопје од 17 до 21 јули, вели Хан.

Во врска со спорот за името, тој истакнува дека ЕУ е подготвена да помогне во изнаоѓање решение.

– Ги цениме напорите на македонскиот премиер и неговата Влада да допрат до нивните колеги во Грција и во Бугарија. Важно е да се пронајде заеднички прифатливо решение за спорот околу името и за патот кој ќе води напред. ЕУ е подготвена да го помогне овој процес кој се води под покровителство на ОН и да ги олесни контактите ако е потребно, истакнува еврокомесарот Хан.

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски