Хан на 14 октомври доаѓа во Скопје за организација на изборите во декември

Од:

Еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан, идниот петок на 14-ти октомври ќе ја посети Република Македонија. Во Скопје се предвидени средби со цел дискусија за организацијата на предвремените парламентарни избори во декември и имплементација на итните реформски приоритети.

Ова за МИА го потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, потврдувајќи дека првиот човек за проширување на Европска унија ќе дојде два дена по предвиденото распуштање на македонскиот парламент со цел организирање на изборите на 11 декември.

– Ние можеме да потврдиме дека комесарот Хан ќе отпатува во Скопје следниот петок на 14 октомври. При оваа посета, тој ќе се состане со претставниците на четирите најголеми политички партии во земјата, со специјалниот обвинител и со претставници на граѓанското општество. Обемот на мисијата ќе биде дискусии за состојбите во земјата, особено на организацијата на изборите во декември, како и спроведувањето на Итните реформски приоритети, изјави Коцијанчич за МИА.

Како гарантор на Пржинскиот договор што меѓу четирите политички партии во Македонија беше постигнат во јуни/јули минатата година, а надграден на 31 август оваа година, комесарот Хан сака да се увери дека договорот ќе се почитува во земјата и дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 11 декември и истите да стават крај на долготрајната македонска политичка криза.

Би можело да ве интересира

Андреј Бабиш се враќа на власт: Победа на популизмот и нови предизвици за Чешка

Предраг Петровиќ

Трет ден кампања за Локалните избори 2025

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори