Хан: Македонија може да им се придружи на Србија и Црна Гора на патот кон ЕУ

Од:

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, оценува дека Македонија може да им се придружи на Србија и Црна Гора, кои веќе се наоѓаат на евроинтеграцискиот пат и кои веќе ги почнаа преговорите за пристапуваање кон ЕУ.

-Државите од Западниот Балкан се уште се слаби и проширувањето на ЕУ е единствениот начин за мирна стабилизација на регионот. Но, кога тие ќе пристапат кон ЕУ не можам да дадам точна проценка, рече Хан во интервју за германскиот весник „Ханделсбад“.

Во однос на исполнувањето на критериумите за пристапување, Србија и Црна Гора се најблиску, но, оцени Хан, по решавањето на спорот со Грција околу името, Македонија има добри шанси да продолжи напред.

Иако не постои прецизен датум, смета еврокомесарот, сепак 2025 година е ориентациската цел од страна на Европската комисија како потенцијален датум на пристапување на земјите со најголем напредок во регионите од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

ЕУ го презема првиот чекор против САД: Клучниот договор со Америка е суспендиран

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд