Хан и тројката европратеници во Македонија

Од:

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, денеска се во Македонија со цел да направат уште еден обид за договор за излез од политичката криза во која земјата е подолг период.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, најави дека Хан и тројката европратеници освен со лидерите на партиите, во Скопје треба да се сретнат и со претседателот Ѓорге Иванов.

Според Коцијанчич, се очекува Хан и тројцата европратеници да ја повторат позиција на ЕУ за почитување на исходот од изборите и да се дозволи продолжување на демократските процеси со брзо формирање реформски ориентирана влада, која ќе продолжи со имплементација на договорот од Пржино.

Еврокомесарот Хан, пак, во пресрет на посетата на Скопје, апелира за почитување на демократските принципи и изборните резултати.

– Земјата заслужи пофалби со спроведувањето на изборите. Доколку тоа сега го прокоцкаат, тогаш ќе прокоцкаат многу. Но, ако тоа сега го спроведат, ќе го стават европското семејство под притисок и тоа да испорача, вели Хан.

Хан го оцени и како контрапродуктивно мешањето на албанскиот премиер Еди Рама, кој се јави како медијатор меѓу албанските политички партии при составувањето на платформата.

Ова е втора посета на еврокомесарот Хан на Македонија по парламентарните избори одржани на 11 декември. На почетокот од февруари во Скопје имаше средби со претседателот на државата Иванов и со лидерите на партиите застапени во Парламентот.

По средбите порача дека очекува од политичките лидери да демонстрираат демократска зрелост и да донесат одлука во интерес на грѓаните и европската перспектива на земјата.

– Очигледно е потребно време. Тие ќе продолжат со преговори и очекувам да донесат одлука во интерес на земјата, на граѓаните и на европската перспектива. ЕУ ќе стори се за да и помогне на земјата и на нејзиното раководство, изјави тогаш Јоханес Хан.

Би можело да ве интересира

Поради пожарите: Владата прогласи кризна состојба од 30 дена

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток