Хан: Дали ќе има избори на 24. април зависи од оценките на ОБСЕ и ДИК

Од:

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, денеска во изјава за МИА одби да каже дали и кога ќе пристигне во посета на Република Македонија, но потврди дека предвремените парламентарни избори на 24 април зависат од оценката на ОБСЕ/ОДИХР и на Државната изборна комисија за тоа дали се обезбедени условите за нивно одржување.

Сепак, можно е еврокомесарот воопшто да не дојде во Македониај и да остави на амбасадорот на Европската унија, Аиво Орав и на САД, Џес Бејли, да соопштат дали има услови за одржување на фер и демократски избори.

– Имавме договор од јуни/јули минатата година и дел од овој договор е одржувањето на предвремени избори. Но, не можам да ви дадам одговор во моментов. Зависи од исходот на меѓународните институции и на Државната изборна комисија, што е нивната оценка за зрелоста за подготовка на изборите. Потоа, тие треба да донесат одлука, истакна Хан.

Би можело да ве интересира

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто