Хамиди: Вработените што го поддржаа Тасевски се замаени, М-НАВ гарантира дека безбедноста не е загрозена

Од:

М-НАВ гарантира дека безбедноста никогаш, ниту била, ниту ќе биде загрозена, вели извршниот директор на македонската навигација, Фахрудин Хамиди на прес конференција. Тој вели дека по пандемијата со ковид-19, М-НАВ била во загуби, а тој и неговиот тим ги подмирил сите загуби, без ниту денар помош од било кого.

„Ние го цениме трудот на нашите експерти, знаеме што значи кадар кој е многу важен за нашата компанија. Беше фамозен еден систем кој што е стар, но без разлика што е стар, тој е во добра кондиција и комплименти за техничарите кои го одржуваат. Со него правиме одржување на целото воздухопловство. Сега имаме нов систем, кој почнува од идната недела да се тестира и верувам дека заедно со нашите експерти и експертите од Еуро контрол, ќе биде пуштен во употреба и ќе биде зголемен капацитетот за 60 отсто. Со него, ќе бидеме во состојба да биде двигател во наредните 30 години. Овој Управен одбор и покрај тешката финансиска криза не запре со обуката на нови контролори за летање. На осум им дадовме договор на неопределено време. Имаме нов кадар, но и искусни кадри. За жал, цело време бевме атакувани од страна на синдикалецот Тасевски. Не сакавме да излеземе пред медиумите и можеби тука згрешивме. Тој перманентно не повредува сите нас и не не остава да работиме поради негови лични интереси. Репутацијата е доведена во прашање поради клевети дека ништо не чинело. Безбедноста не е нарушена, ниту ќе биде нарушена. За жал, колегите излегоа зад него, иако добро ги разбирам, бидејќи на крајот ќе застанат зад него иако се замаени во случајов. Јас не ги оставам на цедило моите контролори. Тасевски кажува за непотизам, за други работи. Тој е непотизам самиот, неговиот татко беше началник, истовремено беше вработен тој, а и брат му е вработен како контролор“, рече Хамиди.

Тој вели дека барањето за студенти да работат било од техничарите, а не од управниот одбор на чие чело е самиот Хамиди. Вели дека се гордее со тоа што го сторил за М-НАВ. Вели, подготвен е да даде оставка, но не го сторил тоа затоа што смета дека има направено позитивни работи за М-НАВ.

„Не сакам да дадам оставка денеска поради тоа што владата веќе најави дека ќе не разреши“, посочи Хамиди.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+