Хакери упаднале во јавното наддавање за набавка на возила во МВР

Од:

Од 119 различни IP адреси од повеќе држави од светот била хакирана веб страницата на Бирото за јавни набавки во последните минути од електронската лицитација за набавка на нови автомобили на полицијата, соопшти МВР.

Единицата за компјутерски криминал ќе изврши дополнителна проверка на корисниците на ИП адреси за ги утврди сторителите на кривичното дело нивно кривично санционирање.

„Шкода Јети“ ќе биде новото полициско возило, „Порше“ го доби тендерот за набавка на 150 возила за МВР на повтореното наддавање.

Понудата на „Порше“ беше најниска. Аукцијата на 29-ти август, Бирото за јавни набавки ја поништи аукцијата поради технички пречки во системот.

Компанијата „Ка-Дис“ која учествуваше со моделот „Сеат Алтеа Фритрек“, тогаш победи, но реагираше „Порше“ Македонија дека биле оневозможени да поднесат нови намалени цени во текот на последните минути од аукцијата.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски