Хајндл повторно во Скопје на средби со потписниците на Пржинскиот договор

Од:

Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл денеска повторно доаѓа во Скопје на средби со потписниците на Договорот од Пржино.

Како што информираат од Германската амбасада, Хајндл, за време на дводневанта посета на Македонија ќе се сретне и со претставници на меѓународната заедница, а предвидени се и разговори со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Емил Димитриев, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со специjалната обвинителка Катица Jанева.

Според најавата, специјалниот пратеник на германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штаjнмаер за Македонија, утре треба да даде изjава за медиумите.

Тоа ќе биде трета посета на Хајндл на Македонија во последните 30 дена. На 12 мај тој имаше средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, а при втората посета на 20 мај, покрај со партиските челници, разговараше и со претседателот Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Би можело да ве интересира

Норвешка со 205 милиони евра ќе и помогне на Украина да обезбеди гас за зимата

А1он

Илон Маск: Правете повеќе бебиња за да ја одржиме цивилизацијата

А1он

Светската криза со храна ќе се влошува, луѓето плаќаат повеќе за основните потреби насекаде

А1он

Руските сили започнаа офанзива во Доњецк

А1он

Италија ќе им исплаќа по 200 евра на семејствата со ниски и средни примања во борба против инфлацијата

А1он

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он