А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Хаѕидакис: Грчката влада прифаќа македонски јазик и македонска националност

by А1он08/06/2018 - 12:45175
Share0

Владата прифаќа македонски јазик и македонска националност, а тоа воопшто не е сложено име, вели потпретседателот на опозициската Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за грчката телевизија Скај.

Следете a1on на Instagram Instagram

Хаѕидакис, ги повторува позициите на неговата партија, дека е потребно „справување со иредентизмот во Скопје, уставна ревизија и да има комплетно и конечно решение“, но упатува и критики до владата.

– Се согласуваат да постои македонски јазик и да постои македонска националност. Што значи, овде воопшто не ни постои сложено име. Постои само Македонија за јазикот и за националноста. Според тоа, за името, за кое што разговараме постојано, дури и Централна Балканска Република да се викаат, од моментот кога долу пишува македонски јазик и македонски националност, што разговараме понатаму? вели Хаѕидакис во интервју за грчката телевизија Скај.

Потпретседателот на Нова демократија ја обвини владата и во однос на тоа дека не ја известува опозициската партија за текот на разговорите, па тие, „многу повеќе дознаваат од Скопје“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Костис Хаѕидакис рече дека според она што им е досега познато, „се чини дека Нова демократија не може да гласа за договорот“.

– Владата можеби ќе може да го помине договорот во Парламентот, но прашањето е што ќе прави со граѓаните и со поранешните гласачи кои со постапките ги однесе на спротивна страна, коментира Хаѕидакис.

grcijaimeto

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда

Катерина Ѓуровски25/09/2026 - 09:38

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он20/09/2026 - 18:2820/09/2026 - 18:06

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он14/09/2026 - 19:2514/09/2026 - 19:14

Затвореник избега од болница во Грција

А1он12/09/2026 - 10:54

Силен земјотрес ја погоди Грција

Горан Наумовски08/09/2026 - 10:02

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот

Горан Наумовски05/09/2026 - 18:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео