Хачинсон: Знамето на С. Македонија ќе се вее пред НАТО најрано на пролет

Од:

Амбасадорката на САД во НАТО, Кеј Бејли Хачинсон денеска потврди дека сите очекуваат знамето на Северна Македонија да започне да се вее пред седиштето на Алијансата во Брисел мошне скоро, најрано на пролет.

Хачинсон утре во Брисел ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата.

На денешниот брифинг за новинарите таа укажа дека на состанокот ќе се разговара за тековните приоритети и насоките дадени „на НАТО самитот лани во декември“.

Еден од приоритетите годинава е проширувањето на Алијанста со уште една земја, Северна Македонија, откако поминаа ратификациите во парламентите на сите земји членки.

Знамето на Македонија ќе се вее пред Брисел најрано на пролет. Нашите македонски сојузници направија одлична работа со реформите.

Пофалби за трпението и за лидерството со решавањето на (проблемот) со името што беше клучно за започнување на целиот процес на членство, изјави таа.

На утрешниот состанокот ќе се говори и за соработката меѓу НАТО и ЕУ за армиска мобилност и споделување на трошоците во НАТО.
.

Би можело да ве интересира

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија