„Гужва“ за директорските места во ЈЗУ

Од:

173 аспиранти да седнат во директорските фотељи на ЈЗУ.

Меѓу нив и поранешни министри, сегашни директори на истакнати универзитетски клиники, клинички болници, општи болници и други здравствени институции, професори од Медицинскиот факултет и професори.

Има и магистри и доктори, долгогодишни менаџери и извршни директори на приватни фирми, правници со искуство во антикорупција, кредитни аналитичари вработени во банки, регистрирани лобисти, финансиски контролори, лица со искуство во раководење на подрачни единици на ФЗОМ, поранешни републички пазарни инспектори.

Сите пристигнати апликации ќе бидат разгледани од комисијата за избор и согласно предвидените критериуми ќе биде извршено рангирање според одредбите дефинирани во Правилникот за полагање испит за директори на ЈЗУ, велат од Министерството за здравство..

Реализацијата на Програмата за испит на кандидатите кои доставиле комплетна документација ќе почне по три недели од завршување на конкурсот, односно кон средината на август.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем