Гужва на Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце се чека и до 45 минути

Од:

На граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквенција за излез од државата, времето на чекање е околу 30 – 45 минути, информираат утрово од АМСМ.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Каминоските превозници и натаму ги блокират граничните премини

Катерина Ѓуровски

Автобуските превозници ќе се приклучат на протестите на камионџиите ако не се најде поволно решение

Катерина Ѓуровски

Камионските превозниците втор ден го блокираат товарниот сообраќај на граничните премини

На „Табановце се чека до 40 минути, на „Богородица“ половина час

ВИДЕО: Гужви на Богородица и на Табановце

Катерина Ѓуровски

Албанија дозволува влез и со старите лични карти, на останатите премини само со нови документи