Групирањето на повеќе од четири лица на отворен простор е забрането во текот на целиот ден

Од:

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе повеќе одлуки и заклучоци кои се однесуваат на мерките за спречување и заштита од ширењето на коронавирусот КОВИД-19 и од својата Програма за работа и од интерес за граѓаните.

Владата на денешната седница донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор и наместо по 21:00 часот, забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана.

На седницата беше заклучено поранешни армиски службеници, над 45-годишна возраст, да се вклучат како поддршка на Министерството за здравство во делот на одржувањето на редот на здравствените институции.

Беше одлучено и Министерството за одбрана, за определен временски период, да отстапи одреден број санитетски возила за потребите на Министерството за здравство во справување со последиците од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска