Групата за процена предлага продолжување на кризната состојба

Од:

Владината Група за процена денеска едногласно реши да предложи од Управувачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата да достави предлог до Собранието за продолжување на кризната состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, соопшти ЦУК.

Истовремено, со тој предлог придружно оди и предлогот институциите во Системот за управување со кризи (СУК) да продолжат со активностите согласно за Акцискиот план за превенција и справување со ширењето на заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CоV-2, што е донесен на Втората седница на Главниот штаб за управување со кризи, од прогласувањето на кризната состојба што се уште трае.

Владината Група за процена под раководство на Стојанче Ангелов, в.д. директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), денешната седница ја одржа преку видеоконференциска врска, а на неа учествуваа и националниот советник за безбедност на претседателот на државата, којшто учествува повремено покрај законски определените членови на Групата: директорите на Агенција за национална безбедност, на Биро за јавна безбедност, на Агенција за разузнавање, раководителот на Служба за воена безбедност и разузнавање во Министерство за одбрана, заменик началник на Генералштабот на АРСМ, замениците директори на ЦУК и на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) и директор на ДЗС.

Раководителот на Групата за проценка, Ангелов, отвори дискусија за проценување на состојбата и утврдување на потребата за продолжување на кризната состојба. Учесниците на седницата, прво имаа кусо реферирање во однос на времетраењето на кризната состојба, а потоа и куса дискусија во врска со продолжување на кризната состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија. Предлог заклучоците беа едногласно прифатени, соопштија од ЦУК.

Би можело да ве интересира

На патниот правец Тетово-Бањиче има падната голема карпа на коловозот

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК: Поплавени се ниви, дворови, куќи и магацини, регистрирани се мали одрони на одредени патни правци

ЦУК: Нема позначителни врнежи, а водостоите на реките се во опаѓање

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен