Група од осум лица нападнале скопјанец и му го украле лап-топот

Од:

Поголема група, синоќа, нападнале лице од Скопје, удирајќи го по главата и телото, по што му го украдиле лап-топот, соопштија од МВР.

Ноќеска околу 03,00 часот во ЕИК-Скопје, Ј.Ф. (31) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 01,00 часот на ул.„Дебарца“ од страна на осум непознати лица му било извршено разбојништво на тој начин што без повод и причина физички го нападнале удирајќи го во пределот на главата и телото и притоа му одзеле лап-топ компјутер кој го носел во рака по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан