Груевски: Зошто СДСМ ако тврди дека ќе победи на избори не прифати предлог за плус 17 пратеници

Од:

Премиерот Никола Груевски е зачуден како СДСМ како партија која се прокламира дека ќе биде победничка на претсојните избори не прифаќа модел со кој победникот би добил дополнителни 17 пратенички места за формирање стабилна влада и истакна дека јавноста ќе оцени зошто таа го прави тоа.

– Вчера опозицијата експресно го одби предлогот за дополнителни пратеници на победничката партија заради стабилна влада. Мене ме чуди зошто тоа го направија, зошто тоа го прави партијата која самата прокламира дека ќе биде победничка. Доколку самата се прокламира дека ќе биде победничка на тие избори еве ние и даваме можност откако ќе победи да добие плус 17 пратеници гратис за да формира стабилна влада. Тие тоа го одбиваат, дали затоа што реално не веруваат дека ќе победат, или нешто друго е во прашање нека процени јавноста за тоа, изјави денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на спортска сала на ДУТ во Тетово

Тој не гледа никаква поврзаност на мнозинскиот модел кој го предложи ВМРО-ДПМНЕ со евентуален попис.

–  Не гледам што е поврзаноста на мнозинскиот модел и  пописот, или, пак, поврзување на пописот со другиот, пропорционален модел. И за едниот и за другиот позитивно би било доколку има попис, но и без попис работите се одвиваат со една нормална динамика. Пописот и моделот немаат никаква корелација. Тоа е изговор којшто нема длабок корен, потенцира премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“