Груевски: Пимен не личеше ни на поп ни на владика со прераскажување кафеански муабети на ТВ

Од:

Во интервјуто за Нетпрес, премиерот Никола Груевски говори и за владиката Пимен. Вели дека владиката, во времето кога претседател на ВМРО ДПМНЕ бил Љубчо Георгиевски, под неговото крстено име бил активист во младинската организација.

„Но, не сум слушнал дека е поддржувач на ВМРО ДПМНЕ откако е дојдено новото раководство во 2003-та со новите политики кои ги донесе. Напротив, имам чуено дека самиот ја истакнувал неговата блискост и подршка на Заев, што беше јасно кажано и во неговите интервјуа, каде посочуваше дека МПЦ во Струмица има многу поблиска соработка со СДСМ, отколку со ВМРО, што е нормално право на слободен избор“, вели Грувески.

Според Груевски на владиката Пимен му недостасува визибилност, пошироката јавноста да го запознае, па кога ја видел оваа шанса да го направи ова на нивни грб, несимнувајќи се од медиумите, под контрола на опозицијата, цела недела.

„Којзнае колку бил среќен што конечно смислил причина некој да го даде на телевизија. Па дури почна да раскажува со кого, што зборувал по кафичи. Несериозна работа. Не ми личеше ни на поп, ниту на владика, кога ги прераскажуваше кафански муабети на телевизија, кој во кафана што му кажал и што во кафаната овој му одговорил.

– Но, негово право е тоа. И негов избор. Потоа, побара да се види со мене, а јас поучен од искуството на многумина дека човеков секој кажан збор го објавува по социјалните мрежи. одлучив да не бидам предмет на неговите општења со јавноста по Фејсбук и на медиумите за тоа кој што му рекол и што тој му одговорил, претпоставив дека и таа средба ќе биде дел од неговите наредни интервјуа и фејсбук комуникации, во смисла на неговите обиди да излезе од анонимност. Сепак ќе потенцирам една работа, не ме убеди во она што најмногу сакаше да ја убеди јавноста.

– Во неговата принципиелност во ставовите. Дури напротив, за прв пат видов за каков непринципиелен и неискрен човек станува збор. За се што очигледно е непринципиелно и не му одговара бега од одговорите со нејасни одбегнувачки одговори. Кога некои медиуми му поставија прашања за некои непринципиелности на личности и нивно однесување, а кои се од неговото опкружување, за состојбите во МПЦ за кои веќе и јавно се говори, плашејќи се дека искрениот одговор ќе може да му наштети, си ја „собра опашката“ и избега од конкретен одговор. Заборави и на принципи и на верници и на Господ и на се’. Кариерата внатре во МПЦ му стана одденаш поважна од принципите“, вели Груевски.

Би можело да ве интересира

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Орце Костов

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

Орце Костов

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он