(ВИДЕО) Груевски: Земјоделците најдобро знаат дека ветеното го исполнуваме

Од:

Вечерва владеачката партија беше на предизборен митинг во Валандово.

До 2005 година денар не се даваше за субвенции во земјоделството за разлика од денеска кога за субевнции на земјоделците се издвојуваат 130 милиони евра. Покрај тоа активно работиме и на распределба на државно земјиште на земјоделците, рече претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Во насока на помош на земјоделците Груевски потенцираше дека активно се работи на отворање на повеќе откупни центри за откуп на земјоделски производи и додаде дека очекува во иднина повеќе странски инвеститори да дојдат и да го направат тоа.

Во септември ветивме дека ќе ги зголемиме пензиите за 550 денари, а сега го реализиравме и тоа. Освен пензиите од март ја зголемивме и социјалната помош за социјално загрозените граѓани за 5 отсто, рече Груевски.

Тој ги потсети граѓаните дека во времето на владеењето на СДСМ е затворена на фабриката на „Анска Река“, поради што 800 луѓе останале без работа, додавајќи дека ниту еден проект на кој народот може да се сети не е направен во времето на СДСМ во Валандово.

Ако во 90-тите години многу граѓани паѓаа на празни ветувања, денес веќе во Македонија граѓаните имаат докторат да ги прочитаат политичарите, кој ветува, а исполнува и кој навистина прави дела, а кој прави само филмови, истакна Груевски.

Би можело да ве интересира

Во ИЕ 6 ДУИ изгуби, а „Вреди“ доби еден мандат

Во ИЕ 5 ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со повеќе гласови од 8 мај, а СДСМ и „Вреди“ со помалку – нема промени во мандати

Горан Наумовски

Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори

Башким Хасани од Коалиција „Вреди“: Со гласањето во Ларце го добивме 14-тиот пратеник

ДИК: Излезеноста до 18.30 часот e 55,1 отсто

ДИК: До 17 часот излезеноста e 45,88 отсто

Горан Наумовски