Драги мои стружани, да ве поздравам и да ве прашам на самиот почеток дали вие поддржувате федерализација и двојазичност на целата територија? Дали ќе им кажете на вашите браќа и сестри, сограѓани што значи да се пропушти шанса и да се изгуби референдум? Дали сметате денеска дека некои прашања не заслужуваат одговор како што тогаш велеше опозицијата? Сите ние го знаеме одговорот на овие прашања, го започна говорот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Гриевски, пред илјадниците стружани собрани на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.
Oдговорот на овие прашања се гледа во очите на нашите сограѓани насекаде каде што одиме и не е грев така да се мисли. Tоа не значи дека не е потребен соживот и разбирање, толеранција, соработка и заедништво со сите етнички групации, но значи дека не може да се препушти државата да се третира како експеримент и од ден на ден да се менува во корен нејзината суштина и идентитет. Tоа е крајната цел. Tоа беше и целта на кризата и секој оној кој не веруваше или барем малце се сомневаше, сега знае, сега му е јасно и кристално чисто го гледа сценариото кое се надвиснува над нашата држава.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика стружани, скопјани, тетовци, дебранци, да не дозволат овојапт да не се слушне и да не се разбере повикот и важноста на овие избори за иднината на државата.
Важно е сите заедно да се сплотиме и да не дозволиме Македонија да биде жртва на неизвесноста која СДСМ и Заев сакаат да ја создадат со нивните опуштени изјави кои имаат многу опасна и сериозна цел, а таа е комплетно редефинирање на државата. Струга, Кичево, дел од Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар и други места низ нашата држава најдобро ги знаат искуствата од експериментите на СДСМ. Македонија не смее да е ничиј експеримент и вие граѓаните на Струга тоа ќе го докажете затоа што знаете што е што и кој е кој.
Заев кажа дека грешка била коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, затоа што нему не му приличело да биде патриот, срамота било.
Замислете, овој човек кој претендира да биде премиер смета дека не приличи да се сака татковината.
Што друго може да очекувате од него.