Во периодот од септември и ноември 2014 остварив 4 средби со лидерот на СДСМ Зоран Заев. Првата беше на негово барање, а останатите бea поврзани со првата. Тој побара од мене итно формирање на техничка влада и ме информираше дека во соработка со одредена странска разузнавачка служба прибавил приватни телефонски разговори од целиот државен врв, претседателот, министрите, медиумите. Го пrашав дали е сигурен во тоа што го говори и дали станува збор за странска служба. Добив потврден одговор. Тој ми раскажа неколку телефонски разговори за кои констатирав дека дел се точни, дел се половичпно точни а дел неточни. Тоа што дел беа точни ми укажа на сериозноста на ситуацијата. Во наредните денови и недели тој почна и јавно да говори дека поседува таков материјал што ја засили заканата за нас и кон нас, дека доколку не прифатиме техничка влада ќе започне со објавување на овој материјал. Го гледав и слушав шефот на опозицијата како пред мене седи и со гордост ме информира дека соработувајќи со странска служба бил снабден со матeријал нелегално стекнат а делумно и монтиран. Не можев да верувам дека човекот кој прететндира да ја води државата соработува со странски разузнавачки служби. Кажа дека со нив имал и серија средби. За сето ова постојат цврсти и непобитни докази. Поднесена е кривична пријава за повеќе лица меѓу кои и за Зоран Заев за насилство. Со делата се прави сериозна штета на државата. Се работи за сценарио во кое цела држава беше заложник, рече Греувски на прес конференција.
За политичките аспекти на случајот тој коментираше.
„Свесен сум дека ова е најпосакуваниот политички противник. Но има некои работи кои ниту еден човек и ниту еден политичар во светот не може да ги игнорира. Тоа е интересот на државата. Во 24 години ниту еден политичар дури и најконтроверзните не го направиле ова.Закана, уцени и вакви местенки не прифаќам и не поминуваат. На сите инволвирани им порачувам- ние не сме Македончиња туку Македонци“, изјави премиерот.
Најaви дека во судската постапка која ќе следи ќе одговара на сите прашања. Таа ќе биде јавна и транспарента. Ги повика сите со внимание д аго следат случајот.