Груевски: Заев, издаде државна тајна

Од:

На митингот во Тетово, премиерот Никола Груевски оцени дека опозицијата секоја недела правела се поголеми и поголеми грешки, а неделава ја обвиниле Народна Република Кина и Државата Израел дека влегле во коруптивни договори со македонската Влада.

„Не е ни чудо што веќе станавме предмет на потсмев како држава, со овие глупости што ги прави овој човек.Заев, издаде државна тајна и објави работи со кои се направи обид да се наштети на македонската полиција и на управата за разузнавање. Од договор и соработка чиста како солза, некој свесно сака да ги саботира односите со нашите пријатели.. Нека не ве заплашуваат со разни сценарија! Никој не им се плаши на нив. Имаме сила да се спротивставиме на сите предизвици, заеднички, сложно, со збиени редови. Успеаја да не натераат да уфрлиме во 6-та брзина, и затоа ќе следат многу нови проекти. Ова што го прават Зоран Заев и неговиот ментор Бранко Црвенковски, ќе им се врати како бумеранг затоа што одбраа погрешен пат, затоа што одлучија да се здружат и да си ја продадат душата на некого, против интересите на државата“, речеГруевски.

За Груевски, раководството на СДСМ не се политичари, туку, рече, марионети, кукли, извршители на туѓи агенди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО