Груевски: Заев е уплашен човек, заложник и марионета

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски денеска на народниот собир во Прилеп, рече дека народот ги прочитал СДСМ и не им верува, Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека не може да разбере од „каде тој комплекс кај нив така да се однесуваат поданички и возбудено како кутре кое мафта со опавчето кога некој ќе ги праша дали странците ги поддржуваат.

Груевски смета дека лидерот на СДСМ си ја покажал својата природа заканувајќи му се на Љубчо Георгиевски кој само, како што рече, побарал амнестија за Зоран Заев и неговите соработници.

„Човекот јавно побара амнестија за Заев и за неговите соработници и ништо повеќе, но Заев дали не дочул, дали не доразбрал, зашто и тоа е можно, веднаш му се закани на Љубчо дека ќе објавел нешто и за него. Како демократ неверојатна работа. Значи сирот Љубчо сакајќи да му помогне веднаш си доби закана. Заканиве кај Заев некако инстинктивно му доаѓаат. Всушност како некој рефлекс, рече Груевски .

Груевски на Заев му порача дека нема да му дозволат да направи граѓански конфликт во Македонија.

Рече дека Зоран Заев е уплашен човек, заложник и марионета. Го потсетувал на детска емисија наречена раскажувачот, во која човек со куче покрај камин отворал книга и почнувал да раскажува.

„Е тој раскажувач во случајов од струмичко Муртино си дава свој контекст на дополнително креирани и сецкани разговори и одвреме навреме ќе подвикне, ќе се закани, ќе каже дека е многу силен и не се плаши од ништо, а всушност длабоко во него се крие едно така уплашено човече што дури на тие што добро знаат да проценат личност, односно да направат психолошка проценка, им е совршено јасно и многу лесно ќе го видат тоа. И колку повеќе се сили, толку повеќе е уплашен, рече Груевски.

Според Груевски, во изразот и гестикулациите на Заев се гледа неговиот страв дека нема да успее во намерите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата