Груевски : За политичката ситуација ќе коментирам кога ќе се вратам во земјата

Од:

Премиерот Никола Груевски по бизнис-форумот во Мајами, одби  во интервју за „Гласот на Америка на мекедонски јазик“  да одговори на прашања за актуелната политичка ситуација во Македонија, со образложение дека на таа тема нема да коментира се додека не се врати во земјата.

„Не постои земја во Европа што нуди пониски трошоци за водење бизнис. Македонија се наметнува на светската инвестициона карта, вели во интервјуто  за „Гласот на Америка на македонски јазик“,  претседателот на Владата на Република Македонија,  Никола Груевски .

Груевски вели дека финансиската и економска криза со презадолженоста во Грција значително  влијае врз забавувањето на разговорите за името, Грција тоа го користи како алиби пред другите меѓународни партнери.

На прашањето, колку пролонгирањето на преговорите за името меѓу Македонија и Грција негативно се одразува врз привлекувањето на странски инвестиции, премиерот  во интервјуто вели:

„Ако тоа го ставиме во контекст на членство во ЕУ и НАТО, особено за ЕУ, може да се каже дека неповолно влијае.  Меѓутоа, има пак многу компании кои велат дека токму тоа им се допаѓа што не сме членки на ЕУ и НАТО, затоа што знаат дека со влегувањето во ЕУ ќе се зголеми конкуренцијата, ќе има поголем интерес, и за нив нема да биде толку атрактивно да се инвестира со ниските трошоци.  Но, генерално, за нас е добро што е можно побрзо да влеземе во ЕУ и НАТО, затоа што продобивките од тоа ќе бидат поголеми“.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно