Груевски: За идентитетот не преговараме

Од:

„За идентитетот нема да преговараме, ние сме Македонци“, рече премиерот Никола Груевски при гостување во Канл 5 телевизија.

„Проблемот кој го имаме е постар од 100 години. Тоа можат да го потврдат историчарите. Ние се фокусираме на овие преговори и така ќе биде во иднината. Односите не се нарушени заради нас и сега, туку во моментот кога на референдум граѓаните изгласаа да се викаме Република Македонија. Тогаш Грција наметна осцилации во односите. Јас наследив ситуација во која имаме времена спогодба, проблем во кој Грција наметнува проблем со името. Некој вели дека ние не сме способни да го решиме проблемот, но ако е тоа лесно зошто проблемот не го решиле моите претходници? Она што јас го говорам е дека ние сме Македонци. Јас не сум рекол дека сме Словени или антички Македонци, ние сме Македонци. Нашата етно генеза е резултат на постоење на многу цивилизавции во вековите зад нас. Ние говориме јазик кој има корени од словенскиот јазик. Тоа не го негираме, туку се гордееме со тоа“, рече премиерот.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он