Груевски: За 50 отсто се зголемува надоместокот за самохрани родители за деца со посебни потреби

Од:

За околу 50 проценти се зголемува месечниот надоместок за самохрани родители за деца со посебни потреби. Досега тој изнесуваше околу 4.200 денари, а од јануари идната година ќе биде околу 6.400.

Ова денеска го изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на прашања во Миравци по обиколка на градежните активности на новата делница од автопатот Демир Капија – Смоквица.

Новината поминала на владина седница и сега на потег е Министерството за труд и социјална политика кое треба да изготви измени на Законот кои по владина процедура ќе одат на Парламент и од јануари следната година ќе треба да се исплатува новиот надоместок.

– Пари за оваа намена се предвидени во буџетот, а целта е да им се помогне на самохраните родители кои имаат деца со посебни потреби, рече премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

Членот на обезбедувањето на премиерот доби условна казна за тепањето на сопругата

А1он

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка