Продолжуваме да работиме на намалување на неварботеноста и покрај отворените 160 илјади работни места во изминатите 10 години. Отворањето нови работни места, останува нашата цел, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при посетата на Гевгелиско.
Невработеноста потенцира Груевски, секаде низ државата е проблем број еден, а и овде во Гевгелија, иако тука има забележителен успех. Од 3.900 невработени регистрирани во Агенцијата за вработување во декември 2005 година сега, рече, таа бројка е намалена на 1.645 невработени. Тоа значи дека бројот на вработени е зголемен за 2.200 што е големо намалување на невработоста, односно за 60 проценти, посочи Груевски наведувајќи дека тоа е значително повеќе од просекот на другите останатите места во државата. И покрај тие резултати, според Груевски, треба да продолжи борбата да се најде работа и за другите 1.600 невработени.
– Севкупната бизнис клима, која ја креиравме во државата, вклучувајќи ги тука даноците, регулативата, поедноставувањето на многу постапки, намалувањето на корупцијата вклучително и администрацијата, дадоа одреден резултат и ја подобрија бизнис климата, која ги охрабри домашните компании да го прошируваат своето производство, што значи да го зголемат бројот на варботени и ги опхрабри и странските компании да отворат свои капацитети во Македонија. Тој тренд продолжува. Во овие 10 години не само што се намали невработеноста од 38 на 24 проценти, туку се зголеми вработеноста за 160.000 вработени. Во 2005-2006 година имаше вкупно 560.000, а сега има над 720.000 вработени, изјави Груевски.
Нагласи дека тоа е резултат на многу труд, но како што потенцира, останува уште многу работа.
– Само во Гевгелија има 1.665 невработени, има и во други општини. Ќе продолжиме да се занимаваме со тоа, како да им помогнеме на луѓето да се вработат, да помогнеме на компаниите да отворат нови капацитети кои отвораат нови работни места, да привлечеме странски инвестиции, да продолжиме да ја подорбруваме бизнис климата, да даваме поддршка на граѓаните во образованието, здравството, инфраструктурата, земјоделството…, рече Груевски.