(ВИДЕО) Груевски: Вредноста инсталирана во секој член на ВМРО-ДПМНЕ е вредно да работи

Од:

Водев Влада силно фокусирана на интеграциите во Европската Унија. Добивме неколку позитивни препораки, но за жал поради билатералниот проблем со Грција не започнаа преговорите со Унијата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред присутните, за време на настанот „Академија за млади лидери – дијалог за градење силно општество”, што денеска се случуваше во седиштето на опозицијата.

Тој истакна дека претходната Влада креирала нови работни места и била позитивно оценета од Светската банка и „Дуинг бизнис“.

„Градевме нови болници, патишта и универзитети. Вредноста инсталирана во секој вмровец е вредно да работи. Оваа влада нема капацитети за трансформација на економијата и реформите“, рече Груевски.

Тој ги посоветува младите лидери доколку бараат политичка кариера да бидат искрени и чесни во ветувањата и да гледаат истите да можат да ги исполнат. Им порача да се фокусираат на прашањата што се суштествени за граѓаните.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче