Груевски: Во Велес проекти со подобри услови за домашните и за странските инвеститори

Од:

Изградба на покриен градски пазар на две нивоа заедно со трговски центар, паркинг простор и партнерно уредување на местото на постоечкиот, е предвидено во програмата на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Славчо Чадиев.

Пазарот, како што истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој заедно со Чадиев денеска го прошетаа пазарот и му беше презентиран проектот, предвидено е да се гради со јавно и приватно партнерство и ќе биде со многу добри услови и со сите потребни елементи кој треба да ги има еден пазар.

– Со овој пазар сега управува Јавното комунално претпријатие и со јавно приватно партнерство предвидено е да се направи тврда градба, да се подобрат условите и за тие што продаваат, но и за оние кои доаѓаат да купуваат. Многу луѓе во денот доаѓаат на ова фрекфентно место и затоа условите се многу важни, изјави Груевски.

Во програмата на кандидатот за градоначалник за Велес Чадиев предвидено е, како што додаде премиерот, реализација на втората фаза од хидросистемот Лисиче, нов сообраќаен режим. Груевски потсети и на најавата за странска инвестиција во Велес во областа на електрониката каде треба да се вработат околу 600 луѓе. Тоа, според него, ќе придонесе и за повеќе индиректни вработувања. Лидерот на владејачката партија потсети дека Велес ја доби поддршката на граѓаните за советничката листа и го има мнозинството во Советот, но побара да го поддржат и кандидатот за градоначалник на коалицијата „За подобра Македонија“ бидејќи, како што нагласи, само така ќе може да се реализира програмата.

– Само во тој случај Владата ќе има партнер во Велес со кој може нормално да соработува без кочење и инаетење. Со заеднички сили може многу повеќе да направиме за општина Велес, рече Груевски.

Искуството, нагласи тој, покажало оти за инвеститорите е многу важно да имаат подготвен терен, односно индустриски зони со инфраструктура, канализациски и водоводни мрежи, струја, улици…

– Од исклучително значење за Велес е што побрзо да заврши изградбата барем на една индустриска зона и додека таа се полни со инвеститори градоначалникот да се фокусира на останатите, рече Груевски.

Кандидатот за градоначалник Чадиев, барајќи ја поддршката од велешани за вториот изборен круг, најави довршување на индустриските зони Речани два и Узус и изградба на индустриска зона во Каласлари. Во неговата програма предвидено е и реновирање на градскиот стадион, реконструкција на училишта, како и реализација на проекти за водоснабдување во селата Срмник, Оризари и Црквино.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Самка Ибраимовски: Доста е да не водат семејни кланови и партиски потрчковци

Орце Костов

Таравари: Mладите се јадрото на населението, иселувањето на младите е државен аларм

А1он

Претседателските кандидати до кампањата не смеат да трошат пари од трансакциската сметка наменета за изборна кампања

Горан Наумовски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Ахмети и Реџепи потпишаа коалиција: „Европскиот фронт“ ќе биде носител на промени, „да“ за ЕУ, „не“ за Русија

Во Русија: Најмалку 74 уапсени за протести за време на претседателските избори