А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски во посета на Кина

by А1он01/07/2013 - 13:49231
Share0

Македонска владина делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, од денеска ќе престојува во посета на Народна Република Кина.

Добивај вести на вибер

Владината прес-служба соопшти дека во тек на посетата премиерот Груевски во Пекинг ќе има средби со претседателот и со премиерот на Народна Република Кина, Си Џипинг и Ли Кечианг.

Груевски, кој ќе биде придружуван од министрите за надворешни работи и за привлекување странски инвестиции, Никола Попоски и Веле Самак, задутре ќе се обрати на Конференцијата за соработка меѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа, што ќе се одржи во кинескиот град Чонгкинг.

– Се работи за иницијатива поттикната од кинеската Влада, а организирана од кинеското Министерство за надворешни работи и локалната самоуправа на Чонгкинг чија цел е интензивирање на економската и политичката соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа, се вели во соопштението.

Во тек на економската турнеја за привлекување инвестиции, премиерот Груевски и владината делегација, според најават, ќе остварат и повеќе поединечни средби со претставници на кинески компании од различни сектори кои се потенцијални инвеститори во нашата земја.

premiervlada

Би можело да ве интересира

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 14:12

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:1823/03/2026 - 14:18

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:0119/02/2026 - 13:41

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Горан Наумовски17/02/2026 - 22:02

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:3517/02/2026 - 13:37

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:3416/02/2026 - 16:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто