Груевски: Веќе нема ниту еден аболиран политичар освен Заев за Глобал

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја поздрави одлуката на Ѓорге Иванов за повлекување на аболицијата од 12 април за 22 политички експонирани лица.

– Одлуката која што претходно беше донесена не беше на линија на нашите активности, а вчерашната одлука е на линија на нашите активности и е добра одлука која ја поздравуваме. Мислам дека е одличен чекор на претседателот Иванов и се надевам дека работите ќе продолжат да се одвиваат во добра насока и дека што поскоро СДСМ ќе се охрабри да дојде на избори, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Општата болница во Струмица каде е во тек реконструкција на Ургентниот центар.

Нагласи дека со вчерашната одлука на Иванов веќе нема ниту еден аболиран политичар со исклучок на Зоран Заев кој е аболиран во 2008 година од поранешниот претседател Бранко Црвенковски за случајот „Глобал“ во кој се товареше за проневера на осум милиони евра.

– Сега во Македонија со исклучок на Зоран Заев нема ниту еден аболиран политичар врз кој може да се фрли сомнеж дека е аболиран заради тоа што сторил кривично дело и на некој начин ја избегнал одговорноста за тоа. Единствен таков во моментов е само Зоран Заев за случајот „Глобал“, потенцира Груевски.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески