Груевски упати честитка по повод Денот на наставата на турски јазик

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска до претставниците на турската етничка заедница во Република Македонија упати честитка по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.

– Со воведувањето на празникот, турската заедница се здоби со дополнителен демократски механизам за промоција, зачувување и унапредување на своите јазик и култура, но и за промоција на турската етничка особеност и специфики, вели во честитката Груевски.

Владата на Република Македонија, како што посочува премиерот, секогаш со внимание пристапувала кон негување на интересите, потребите и националните особености на сите етнички заедници кои живеат во нашата земја.

– Сето тоа, споено со посветеноста и енергијата која ја даваме за напредок на сите полиња од значење за граѓаните укажува на нашите заложби да ја направиме Република Македонија успешна земја во која се стремиме и работиме за економски развој, на европските и евроатлански интеграции, и во која се почитува и практикува заедништвото и довербата, а преку запознавањето и почитувањето на културата на секоја заедница да работиме на развојот на мултиетничкото општество, наведува Груевски во честитката.

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он