Груевски: Таква ни е кармата, никогаш ништо не ни било подарено

Од:

Премиерот Никола Груевски, во интервју за Нетпрес посочува дека членството во ЕУ и НАТО, и покрај сите неправди кои ни се случуваат, остануваат наш врвен приоритет.

„Тоа е интерес на Македонија, но и на регионот. Во крајна линија тоа е интерес и на ЕУ и на НАТО. Попречувањата кои ги имаме се наш предизвик со кој мора да се справуваме. Таква ни е кармата. Историски гледано никогаш ништо лесно не сме добиле и постигнале и никогаш ништо не ни било подарено. Се’ е со огромни напори и жртви, со попречувања и попречувачи, а за неправди, пак, да не зборуваме. Но, сме успевале, и ќе успеваме. Еден ден некој ќе се срами од ова што ни го прават“, вели премиерот.

Груевски вели дека се уште нема одговор од неговиот грчки колега Самарас.

„Се што имав да кажам кажав во писмото. Немам додатен коментар. Одбрав да бидам политичар кој прилично отворено, јасно и недвосмислено ги испраќа пораките, без скриени намери, политички игри или спинови, без трикови и блефови. Тоа што го мислам, јасно го кажувам. Не треба толкувања и толкувачи. Не дека неможам и поинаку, се разбира дека можам, но ова е мојот избор. Му се допаѓало тоа некому или не“, вели во интервјуто, Груевски.

Премиерот во првиот дел од интервјуто, говори за позитивните ефекти од патувањата, последната посета на Кина ја оценува како успешна, вели дека се очекуваат нови инвестиции и потпишување на договорот со Русија за Јужен поток.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски