Груевски – Столтенберг: Честитики за реформите, загриженост за состојбата

Од:

Македонија е важен партнер на НАТО и ја поддржуваме на патеката кон членство во НАТО, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес-конференцијата по средбата со премиерот Никола Груевски.

– Ви благодарам за вашата работа во Авганистан. Интеграцијата во НАТО бара тешки реформи и храбро лидерство. Имам пофалби за вашата земја, за реформите во кои можеме да видиме и предизвици. Со загриженост ги следиме случувањата и инсистираме на слобода на говор и на функционирање на демократските институции. Ги повикуваме сите политички сили да се ангажираат во политичките и во економските реформи во земјата. Ова е во интерес на сите граѓани – изјави Столтенберг.

Груевски истакна дека членството на Македонија во НАТО е во интерес на земјата.

– Ја поддржуваме политиката на отворени врати на НАТО. Разменивме мислења за напредокот на Македонија во Алијансата. Заеднички ги разгледавме и темите за реформите во врска со членството во НАТО. Зборував за реформите во одбраната, правосудството, економијата и на сите други полиња. Секако дека зборувавме и за актуелните прашања и дадов уверување дека сè ќе се одвива транспарентно и во согласност со законските прописи – истакна Греувски.

На прашањето дали е откриена странската служба и дали Груевски тоа му го предочил на првиот човек на НАТО, премиерот одговори дека подробно ја опишал состојбата, за сè она што му беше презентирано од шефот на опозицијата и сите материјали кои му биле презентирани од полицијата.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени