Груевски: Со ваква посветеност и дела сигурно ќе победиме на локалните избори

Од:

Со реализираните проекти и демонстриранмата посветеност и дела ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе победи на наредните локални избори, порача денеска во Скопје премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска им ги врачи книшките на новите членови на партијата во редовите на Градскиот комитет, одбележувајќи го 40-илјадитиот член.

Тој посочи на статистиката на Интернет пребарувачот Гугл, според која заинтересираноста на странските туристи за Република Македонија, и особено градот Скопје денес е зголемена за 600-тини пати во споредба со 2006 година.

Практично над две третини од лицата кои се заинтересирале за Македонија преку Гугл го побарале Скопје да го видат како дестинација. Тоа говори дека работата која што ја работеа градоначалниците во Скопје во сите општини на чело со градоначалникот на Скопје Коце Трајановски дава резултати, Скопје го прави многу поинтересен и попривлечен град како за туристите така и за неговите жители. Затоа можам да кажам дека со една ваква посветеност, едно вакво работење, со ваков труд и дела ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе победи на наредните локални избори, порача Груевски.

Премиерот и лидер на партијата со став и за одложувањата на опозициската СДСМ во однос на можниот нивен кандидат за градоначалник на Скопје.

Кога шетам низ проширените нови булевари, кога ги гледам новите паркови, новите објекти, административни згради, новите работи што Скопје го направија многу поубав и вистинска метропола, сфаќам зошто СДСМ толку време не може да избере кандидат за градоначалник на Скопје. И кога гледам колку нови луѓе ни се приклучуваат во ВМРО-ДПМНЕ, квалитетни луѓе од сите општествени слоеви и социјални групи, и колку масовно приоѓаат кон нас, пред се заради тоа што го правевме, заради нашиот труд, енергија, дела и резултати, сфаќам и зошто во СДСМ практично не само што не можат да изберат кој да биде кандидат за градоначалник туку имаат сериозен проблем, затоа што секојдневно се караат меѓу себе кој да не биде, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите