Груевски: Снимките се монтирани, не давам оставка, ниту преодна влада

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски веднаш по “бомбата“ на СДСМ за името се појави на вестите во Сител, каде кажа дека снимките се сечени и лепени. Тој за протестот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека ќе ја промени локацијата на одржување пред владата, зашто СДСМ одбиле да се дислоцираат на неколку часа.

– Никола Груевски има девет години во Владата, доколку сакал да го промени името ќе го направел досега. СДСМ е таа што го смени името, веќе во 1994 година, изврши промена, прифати да се викаме ПЈРМ, така што тоа кореспондира со денешното расположение на Зоран Заев. Станува збор за обид за манипулација на граѓаните, не успеа да го постигне тоа што го сакаше со сечените и креираните материјали. Таму на снимките станува збор за размена на мислења. Сакаше да каже дека сме имале разговори за името-нормално е да разговараме за тоа. Јас десет пати сум се сретнал со Папандреу, сме имале многу тестирања, често пати сме користеле и такви работи-ајде да видиме како ова ќе одговара. За идентитот му благодарам на Заев-се слуша гласот на Јолевски каде бара да се реши идентитетот со резолуција во Обединетите Нации. Патем речено се гледа во неколку наврати дека ништо не би поминало без референдум, колку и да ги креирал овие материјали, не можел да го извади тоа, рече Груевски.

Веројатно ќе се обидува тој во иднина, преку монтирања, му треба време за нови монтажи, во секој случај ова му беше проѕирен обид дека сме чекале едвај да го промениме името. Но такви разговори имало многу-многу луѓе се нуделе да помогнат за името, рече тој.

Наша обврска е разговараме и да бараме решенија, да најдеме компромис, кој ќе биде прифатлив за мнозинството граѓани на Република Македонија.

За барањето оставка, рече дека има мандат од граѓаните на избори, и дека ја почитува таа доверба.

– Оставка нема да дадам, ниту пак преодна влада ќе има. Имам обврска да се најде решение и тоа ќе биде, колку и да Заев со неговите сценаристи посакува, нема да се повлечам, јас да се повлекувам би било кукавички чин. Заедно со сите мои соработници и со граѓаните на Македонија, мора да покажеме дека Македонија не може на ваков начин да биде на колена и нападната, рече Груевски.

За протестот на опозицијата на 17. мај и од пред два дена закажаниот протест на власта на 18 мај, Груевски кажа дека нема да дојде до судир и инциденти.

Веројатно некому тоа му е цел. Јас го замолив Заев тие во шатори кои ќе останат таму да ги дислоцира зашто и ние таму планираме да одиме. Тој тоа го одби и рече дека нема да ги повлече луѓето, и ние ќе направиме промена на локацијата. Тој сака да има проблем, сака да има судир. Но ако тие направат насилство соодветно ќе им биде одговорено, рече Груевски во вестите на Сител.

За престрелката во Куманово, Груевски кажа дека полицијата била нападната од криминално-терористика група со цел да се направи штета и економска и политичка на Македонија. Според него, дел од упасените почнале да зборуваат и кажале каде се наоѓа оружјето по нападот на Гошинце.

-Станува збор за најсилната група од Косово, подолг период имавме информации дека можеби би дошле во Македонија да направат терористичка акција. Ние со оглед дека беа на туѓа територија, информациите ги споделувавме со другите служби. Но ништо не се случи, не беа уапсени, и некаде на почетокот на мај, таа група влезе во Македонија,полицијата доби информации дека пристигнале и веднаш пона да го подготвува планот, рече Груевски.

-Се работи за пропагандна војна, на денот на акцијата некој сакаше да создаде немир, сакаше да ги поттикне граѓаните да одат и да им пружат помош на терористите рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески