А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: Скандалот на Заев наликува на октоподот на Црвенковски

by А1он20/09/2013 - 14:5220/09/2013 - 14:55173
Share0

Случаите со тендерите во Струмица што ги добивале членови на најблиското семејство на лидерот на СДСМ и градоначалник  на општината Зоран Заев потсетуваат на октоподот на Бранко Црвенковски, изјави денеска премиерот Никола Груевски. Тој праша дали за Заев е нормално роднините, снаата, чичкото на Оланд, Меркел или Камерон да ги добиваат тендерите од страна на државата.

Добивај вести на вибер

– Гледам дека секојдневно излегуваат информации во јавноста за тендери на Општина Струмица коишто ги добивале луѓе од неговото, пред се, роднинско опкружување. И малку е чудно што целата негова одбрана се движи во правец дали е тоа законски или незаконски, кога денес излегува дека татко му и чичко му зеле тендер, утре излегува снаата, задутре стрината и којзнае уште што ќе излезе. Од тој аспект се прашувам дали ако стрината, снаата, татко или не знам кој на Меркел или на Камерон или на Франсоа Оланд така масовно добиваа тендери во нивните земји, дали таму дебатата би била дали е тоа законски или незаконски или би имало некоја друга дебата, рече Груевски по пуштањето во употреба Лабораторија за изучување странски јазици и преведување и толкување, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Се прашувам, додаде тој, со вакви работи коишто ги работел за себе „со кој памет се нафаќа да биде лидер на најголемата опозициска партија“.

– Тоа е чудно кога гледам како излегуваат вакви работи во јавноста, како тендерите ги добивале луѓето од неговото семејство и некако целиот процес прераснува и ме потсетува на времето кога Бранко Црвенковски имаше еден октопод. Сега ова е помал октопод на локално ниво којшто очигледно е поврзан со градоначалникот, бидејќи голем дел од тендерите на општината или на луѓето што тој ги назначува за директори ги добиваат практично блиски негови роднини, подвлекува премиерот.

Тој ги оспори како чудни тврдењата на Заев дека тендерите ги потпишувале директори на општински институции.

– Чудна е, исто така, поентата дека директорот на градинката или на некоја општинска установа го потпишал тендерот, а не самиот градоначалник кога ја знаеме улогата на назначувањето на тој директор од страна на градоначалникот. И на крајот излезе дека и самиот градоначалник и директно од Општината има добиено тендери на фирми во сопственост на членови на неговото потесно семејство. Прилично чудна ситуација, рече Груевски.

vmro-dpmneZaev

Би можело да ве интересира

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

Горан Наумовски07/02/2026 - 09:22

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ06/02/2026 - 19:4106/02/2026 - 19:51

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

Горан Наумовски30/01/2026 - 11:29

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

Горан Наумовски29/01/2026 - 17:13

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:2526/01/2026 - 11:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен