Груевски: Се стимулира снимањето филмови со нов закон

Од:

Новиот Закон за филмски фонд ќе биде стимул за повеќе снимање  филмови во Македонија, за подобар начин на финасирање и за охрабрување на приватниот сектор да влезе во оваа дејност, а воедно ќе овозможи и алтернативни извори  на финансирање.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски  во одговор на прашање по означувањето на почетокот на изградбата на патот до населбата Сончев Град во општина Сопиште, нагласувајќи дека измените на Законот ќе значат нов моментум во индустријата за филм што филмските работници ќе го почувствуваат уште идната година.

Тој посочи дека со измените Филмскиот фонд ќе прерасне во Агенција за филм, која освен Управен одбор ќе има и Совет за филм и ќе се уредат многу работи кои досега не беа уредени.

– Со новиот Закон за филмски фонд кој се донесе пред неколку месеци и треба да стартува на 1 јануари идната година износот кој може да се даде за еден филм се зголемува од досегашните 500.000 на 1 милион евра. Со него се уредува прашањето што е филм со национална вредност и се дава стимул приватниот сектор повеќе да влезе во филмската индустрија. Се предвидува враќање на 20 отсто од средствата што ги вложил приватниот сектор, односно што ги потрошиле во Македонија, откако ќе заврши снимањето на филмот, појасни Груевски.

Тоа, според него, ќе биде стимул во земјава да се снимаат и странски филмови, бидејќи на  странските продуценти 20 осто од вложените средства во Македонија ќе им се вратат.

Би можело да ве интересира

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“

Во македонскиот КИЦ во Белград одржана музичка вечер – Портрет на Зафир Хаџиманов

Отворена изложбата „Балканскиот јунак Марко“

Импресивна изведба на шпанскиот тенор Елаис и италијанскиот пијанист Барбаџелата на новогодишниот концерт на „Охридско лето“

Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград

Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво