Груевски се сретна со Давутоглу

Од:

Премиерот Никола Груевски, денеска се сретнал со министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давутоглу.

На средбата биле констатирани одличните билатерални односи кои постојат меѓу двете земји и било истакнато дека двете држави и народи развиваат цврсти односи, кои се базираат на заемно почитување, поддршка и работа на промовирање на заедничките цели и интереси.

Двајцата соговорници ја поздравиле одлуката со која амбасадата на Турција во Скопје ќе биде амбасада за контакт на Република Македонија со НАТО.

Груевски го информирал Давутоглу за реформите и модернизацијата од страна на владата и посочил дека Турција е значаен поддржувач и лобист за прашањата кои се од значење на Македонија.

Премиерот Груевски на средбата ги констатирал и одличните економски односи кои се развиваат меѓу двете држави, а кои се преточени во конкретни директни инвестиции, и истакнал дека плодната економска соработка вроди со изградба на фабрики и капацитети во Македонија.

Турскиот министер за надворешни работи Давутоглу истакнал дека Турција останува активен партнер, и отворен и силен поддржувач на Република Македонија во поглед на евроатлантските аспирации.

Би можело да ве интересира

Турски инфлуенсер e ставен на црна листа на авиокомпанија откако запали цигара во авион

А1он

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Чистка во Анкара: Ердоган ги смени клучните министри

Турција разби шпионска мрежа, уапсени шест лица

Фидан: Турција се противи на насилство врз Иран, дијалогот е единствениот пат

Светот e загрижен поради создавањето на нов воен пакт