Груевски се правда за Ќосето

Од:

Никола Груевски се правда дека неговата изјава дека револуционерот Андон Ќосето би го решил на негов начин, со ликвидација, лидерот на СДСМ Зоран Заев, била погрешно сфатена во јавноста. Тој вели дека не мислел така и дека тоа се однесувало на тоа време, а сега народот бил тој што ќе го реши неговиот противник.

– Вчера во моето излагање кажав во тоа време во кое живеел што би направил Гоце Делчев. Денеска ја имаме слободна и независна, суверена држава, демократска, во која народот одлучува и во денешно време народот ќе го реши овој проблем на 11 декември со масовно излегување и гласање против СДСМ и политиките на Заев, а со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија – изјави денеска Груевски во Муртино.

Груевски вчера на митингот во Делчево повикувајќи се на Гоце Делчев рече дека би му го испратил Ќосето да ја заврши приказната со Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација