Груевски: Се надевам дека СДСМ ќе ги надмине теснопартиските интереси

Од:

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски очекува резултат од седницата на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември, на која ќе присуствуваат и тој и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

– Очекувам резултат од дијалогот и се надевам дека СДСМ ќе ја препознае важноста, пред се за државата, од успешното завршување на овој дијалог, ќе ги надмине теснопартиските интереси и ќе успееме во наредните четири дена да дојдеме до решение. Останува да видиме што ќе се случи, изјави денеска премиерот Груевски во Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Д. Ефремов“ при МАНУ, каде беше отворена лабораторија за геномика и протеоника.

Лидерот на СДСМ пред седницата изјави дека неговата партија ги исполнила своите обврски од првомартовскиот договор.

– СДСМ ги исполни своите обврски од првомартовскиот договор. Очекувам овие денови Комисијата да продолжи да работи и да донесе заклучоци со кои ќе се констатираат уставни прекршувања и прекршувања на законите на Собранието, рече Заев.

На седницата ќе се направи обид да се постигне согласност за Извештајот што треба да го изготви Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември.

Покрај Груевски и Заев и членовите на Комисијата, на седницата ќе присуствуваат и шефот на кабинетот на премиерот Груевски, Мартин Протоѓер и потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го поздрави присуството на лидерите на партиите на денешната седница на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември, се со цел, како што велат однеговиот Кабинет, да се усвои извештајот на Комисијата и да не се доведе во прашање европската перспектива на Република Македонија.

Груевски и Заев на вчерашната средба се договорија крајниот рок за постигнување согласност да биде пролонгиран до петок, по што доколку не биде постигната согласност ќе се смета дека не може да се постигне конечно решение.

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ се договорија во периодот што следува да се вложат последни напори за откочување на процесот, негово интензивирање и донесување конечно решение околу извештајот на Комисијата, како последен обид за постигнување договор, чие евентуално недонесување ги загрозува европските перспективи на Република Македонија.

Пред речиси еден месец оставка на функцијата претседател на Комисијата даде професорот Борче Давитковски, поради, како што рече, неможност да се постигне согласност за конечниот извештај од работата на Комисијата. Во Комисијата СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ имаат делегирано по двајца членови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”